„Мора да го задржиме Лукаку!“

Тренерот на Евертон, Роналд Куман вели дека мора да го задржат Лукаку по неговите 2 голови во победата против Хал од 4:0.

Напаѓачот не сака да потпише нов договор, но тој сега постигна 2 голови и управата мора да се потруди да го задржи.

„Тие го сакаат Лукаку. Сите го сакаат него затоа што е важен играч и одличен напаѓач.“

„Можеби ќе го сопрете 85 минути, но кога ќе бидат 11 против 10, дури и кога ќе бидат 11 против 11, тој ќе најде простор и ќе ги казни противничките грешки.“

„Сакаме да го задржиме затоа што мислиме дека проектот на клубот оди во добра насока и не сакаме да ги продаваме и другите важни играчи.“