Мурињо попушти, го врати Швајштајгер во првиот тим

    Жозе Мурињо напраги голем потег со враќањето на Бастијан Швајнштајгер меѓу првотимците на Манчестер Јунајтед.

    После што португалскиот тренер го презеде тимот од Олд Трафорд, Швајнштајгер беше во немилост и во оваа сезона не настапи на ниту во еден натпревар за првиот тим на Манчестер Јунајтед.

    Дека на неговите услуги не смета потврдува и тоа што не беше на сликата за првиот тим, меѓутоа ситуацијата одеднаш се сврте.

    Швајнштајгер за време на немилоста господски молчеше и ја чекаше својата шанса, а тоа на крајот му се исплати.

    На денешниот тренинг Германецот е виден како тренира со остатокот во екипата, а во овој момент не е познато дали Мурињо во него гледа спас во моментот кога не му цветаат рози на клупата на Манчестер Јунајтед.

    Некој ќе рече дека на Бастијан му с е исплатија методите „ кој тебе со камен, ти него со леб“