Навас може да ги пакува куферите, Реал Мадрид најде голман во Англија

Реал мадрид понуди 35 милиони фунти на Челси за Тибо Куртоа, но „сините“ ја одбија понудата.

„Кралевите“ имаат неколку желби, а прва е Алисон Бекер, но Реал и Рома не можат да се договорат, а како најнова идеја на новиот тренер Хулен Лопетеги е голманот на Белгија.

И покрај тоа што лондонската екипа ја одби понудата од 35 милиони фунти, сепак Реал најверојатно ќе испрати поголема сума во наредниот период, а многу работи зависат од тоа како ќе се покаже Белгиецот на Мундијалот во Русија.