Наполи се договори со замената на Реина, се чека потврда од Леверкузен

Искусниот Пепе Реина од наредната сезона ќе брани во Милан, па Наполи одлучи да најде негова замена во Германија, а како најголем кандидат се споменува Бернд Лено.

Лено стана најголем кандидат, откако Наполи се откажа од Руи Патрисио, а Фабио Париси, кој преговара со голманот на Леверкузен, вели дека трансферот е готов.

„Веќе некое време работиме на трансферот. Се надеваме дека клубовите наскоро ќе постигнат договор. Лено е блиску до договор со Наполи“, вели Патриси.