Неверојатно: Тренери се степаа, па мораше кошаркарите да ги разделуваат! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше забележана викендов во Франција, каде што се степаа двајца тренери.

Екипата на Ортез го победи Шалон на свој терен со 101-96, а кога тренерите дојдоа да се поздрават по завршувањето на дуелот, се случи еден инцидент.

Жан Денис Шуле, тренерот на гостите му се доближи да му честита на стратегот на домаќините, а потоа разменија неколку пцовки, по што настана мешаница.

На крајот кошаркарите мораше да ги разделуваат лутите тренери, иако речиси секогаш обратна е ситуацијата.