Неочекувано засилување за Ливерпул, Клоп ги решава проблемите во нападот со играч на Аталанта

Играчот на Аталанта, Алехандро Гомез би можел да се пресели во редовите на Ливерпул овој јануари.

Клоп е во потрага по напаѓач по се поизвесното заминување на Дени Ингс и Даниел Стариџ, а решението го пронашол во 29 годишниот фудбалер на италијанскиот тим.

Гомез кој има неколку настапи за репрезентацијата на Аргентина игра во одлична форма оваа сезона и на 25 натпревари има постигнато осум погодоци плус седум асистенции.