Не му требаше ова: Модриќ го исмејуваат по дуелот со Меси (ФОТО)

Најдобриот фудбалер во светот за минатата година, Лука Модриќ стана предмет на исмејување на социјалните мрежи по дуелот со Лионел Меси во поразот на Реал Мадрид со 0-3 од Барселона во полуфиналето од шпанскиот Куп.

Модриќ минатата година ја прекина доминацијата на Меси и Кристијано Роналдо во изборот за најдобар фудбалер во светот. Сепак, сезонава не гледаме добри настапи од него.

Ѕвездата на Барселона лесно се ослободи од Модриќ, а Хрватот го повлече за дрес во обид да го запре противникот, по што почнаа троловите на сметка на фудбалерот на Реал.

„Се обиде да го добие дресот на Меси… Дури и Mодриќ знае дека дресот на Меси вреди повеќе од ‘Златната топка’…“, се некои од коментарите.

Новиот дуел меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во сабота и повторно домаќин ќе бидат „кралевите“.