„Овој Ливерпул е најдобриот тим против кој сум играл“

    Еве што имаше да каже фудбалерот на Саутемптон, тој дефинитивно е маѓепсан од играта на Ливерпул.

    Саутемптон на свој терен успеа да освои бод против Ливерпул, а задоволен со резултатот беше Емил Хојбјерг.

    Кога ќе ја прочитате неговата изјава, ќе ви биде јасно зошто беше толку задоволен.

    „Играв во Германија против Баерн и Дортмунд, играв против Сити во ЛШ, но морам да кажам дека ова е најдобриот тим против кој сум играл во својата кариера.“

    „Не само што топката оди многу брзо. Тие имаат и брзи играчи. Неверојатно е тоа како се движат, како стојат, како работат заедно.“