Одлични вести за навивачите: Киелини и Барзаљи остануваат верни на „старата дама“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус во наредните денови ќе им понуди нови договори на своите фудбалери Киелини и Барзаљи.

Договорите на овие два фудбалери завршуваат на крајот на актуелната сезона, но Јувентус сака да ги задржи, па „Газета дело Спорт“ пишува дека Киелини ќе добие договор на една година со опција за продолжување на уште една, а Барзаљи ќе добие договор само на една година, без можност за продолжување.

Причината поради која тој добива таков договор е неговата возраст.