Од Белгиската федерација излегоа со коментар околу можното назначување на Мартинез како нов тренер на Реал Мадрид

Од редовите на Белгиската фудбалска репрезентација истакнаа дека немало никакви контакти со Реал Мадрид за нивниот селектор, Роберто Мартинез.

Поранешниот тренер на Евертон и Виган се поврзува со преземање на менаџерската позиција во „Кралскиот клуб“ која во моментов му припаѓа на Сантијаго Солари, но сите знаат дека тој е назначен како привремено решение.

„Досега од Реал Мадрид не ја имаат контактирано Белгиската ФА. Доколку се заинтересирани треба да ја контактираат федерацијата и да добијат дозвола и почеток на преговори. Тоа не е случај досега“ –стоеше во соопштението од ФА на Белгија.