Официјално: Вардар ангажираше Словенец како замена за Циндриќ!

Вардар се договори со Словенецот Сташ Кубе на тригодишна соработка, кој доаѓа од ПИК Сегед.

Словенецот имаше одлична сезона во Лигата на шампиони, каде што постигна 34 гола, а и Вардар добро го памети од меѓусебните дуели, каде што имаше постигнато седум гола.

„Дојдов во Вардар зашто е еден од најдобрите во Европа. Среќен сум што сум дел од голема екипа. Очекува многу и ќе се обидеме да стигнеме до завршницата на сите натпреварувања“, кажа Скубе.