Позната судбината на „пропаднатото“ засилување на Сити?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога во јули 2015 година од Астон Вила стигна во Манчестер Сити за 11.5 милиони евра, Делф стана фудбалер од кого се очекуваше да ја зголеми конкуренцијата во тимот.

Сепак, овој 27-годишен фудбалер со текот на времето испадна од плановите на Пелегрини, а потоа и на Гвардиола, па јасно е дека во моментов нема иднина во тимот на Сити.

Според медиумите, Делф во јануари би требало да го напушти Сити, а како нова дестинација се споемнува ВБА.

ВБА е на 7-мо место во ПЛ со 23 бодови, а нема сомнеж дека Делф би бил големо засилување за тимот во продолжението на сезоната.

Делф оваа сезона одигра само 28 минути за Сити во ПЛ и тоа на 2 натпревари.