Поранешна ѕвезда на Јувентус ќе заврши во затвор?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фабрицио Миколи кој играше за Јувентус, Бенфика и Фиорентина заработи милиони и би можел да заврши во затвор поради 12.000 евра.

Тој е обвинет дека во 2013-та година со син на мафијаш од Палермо изнудил 12.000 евра од сопственикот на една дискотека во тој град.

Миколи и претходно беше поврзуван со мафија, а очигледно дека по врвната кариера сакал да изгради и кариера во подземјето. Сепак, тоа би можело на крајот скапо да го чини.

„Судот не ги зема нашите докази на разгледување. Не сум оптимист.“

Миколи имаше шанса да игра и за италија, а најголема трага остави во Палермо за кој од 2007 до 2013-та година постигна 74 голови.