„Постојат причини поради кои не можете да ме споредите со Суарез“

Ромелу Лукаку и оваа сезона е еден од најдобрите играчи во Англија, па повторно се шпекулира дека на крајот на сезоната ќе замине од тимот.

Лукаку веќе неколку сезони е главен фудбалер на Евертон, а секој преоден рок се споменува негово заминување.

Сепак, тој одби многу понуди затоа што верува дека не е време за голем трансфер.

Напаѓачот на Евертон минатото лето имаше понуда од Баерн и во еден момент се веруваше дека кариерата ќе ја продолжи во Минхен.

Во последно време медиумите во Англија почнаа да го споредуваат со Суарез, но тој даде интересен коментар на таа тема.

„Тешко е да не споредите во овој момент. Мене ми е потребно да играм на ниво во ЛШ како и тој, па тогаш може да не споредите. Сега е малку глупаво, но сакам да слушам такви комплименти. Во иднина сакам да покажам колку можам и се надевам дека ќе успеам во тоа.“