Потврден турскиот интерес за Вилшер

Од редовите на Анталијаспорт се во преговори со Арсенал за потенцијален трансфер на Џек Вилшер.

Ова го потврди и претседателот на турскиот клуб кој истакна дека се заинтересирани да го донесат играчот од средниот ред во турската Супер лига.

Сепак Арсенал бара повеќе пари од тоа што нудат Турците иако договорот на Англичанецот истекнува следната сезона.

„Стапивме во контакт и сме во преговори со Арсенал, но тие бараат многу за Вилшер. Ќе биде тешко да се постигне договор“- истакна Али Сафак Озтурк, претседателот на Анталијаспор.

Интерес за Вилшер има и од Сампдорија која пред една недела испрати понуда во висина од шест милиони фунти за играчот кој минатата сезона ја помина во редовите на Бурнемут.