Правете што сакате, но Озил до лето нема да зборува за својата иднина!

Играчот за врска на Арсенал, Озил изјави дека ќе разговара за својата иднина во лето.

Тој има уште една година од договорот со Арсенал.

Овој 28-годишен фудбалер сака да му помогне на Арсенал да заврши во топ 4 тимовите во ПЛ и така да осигура место во ЛШ.

„Во овој момент е важен Арсенал, а не јас или било кој друг играч.“

„Тимот поминува низ тешка фаза во овој момент и јас не сум важен. Ќе разговараме во лето и тогаш ќе кажам што планирам.“

Озил смета дека тренерот Венгер заслужува почит за своите постигнувања, без оглед на моменталната лоша форма и резултатите на тимот.

„Секогаш зборував дека тој е најважен фактор зошто дојдов во Арсенал. Тој е овде веќе 20 години и даде многу за тимот. Мислам дека заслужува почит поради тоа.“