ПСЖ го сака Вилијан како замена за Нејмар!?


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


ПСЖ остана без Нејмар на десет недели поради повреда, па богатите сопственици сакаат да најдат замена во последниот ден од преодниот рок.

Парижаните имаат на располагање доволно пари за засилувања, а тренерот Томас Тухел го сака токму Вилијан од Челси како замена за Нејмар.

Останува прашањето дали е поготвен Челси да го продаде Вилијан, кој е еден од најважните фудбалери во тимот на Маурицио Сари.

Бразилецот сезонава постигна седум голови и има шест асистенции на 36 натпревари на кои играше во сите натпреварувања.