Раниери повторно ќе биде тренер на тим од Премиерлигата!

Клаудио Раниери од денеска повторно работи во Премиерлигата, откако го преземе тренерското столче во лондонски Фулам.

Искусниот стратег претходно во англиската лига го водеше Лестер со кој ја освои титулата, а сега доби повик од газдата на Фулам, Шахид Кан, кој реши претходно да го отпушти Славиша Јокановиќ.

„Голема чест ми е да го предводам Фулам, кој мора да има подобри резултати во иднина“, кажа Раниери.

Инаку, Фулам во моментов е последен на табелата со само пет освоени бодови во 12 одиграни натпревари.