Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголемото веќе се наѕира, една желба е веројатно нерална, а уште три играчи сигурно стигнуваат меѓу Баварците.
Во целиот тим ќе има големи промени, се простуваат Чаби Алонсо и Филип Лап, а некои играчи како Даглас Коста ќе бидат продадени.
Анчелоти ќе има 100 милиони на располагање и тоа без парите кои се предвидени во случај да стигне неговата најголема желба, Марко Верати.
Од тоа веројатно нема ништо, но се чини дека најголемо засилување треба да биде Алексис Санчез од Арсенал.
Тој нема да го продолжи договорот, Гунерите сакаат да го продадат надвор од ПЛ и се чини дека во овој момент е блиску до заминување во Баварија.
Остатокот Баерн по обичај ќе го собере од Бундес лигата, веќе е јасно дека талентираниот Брант од Леверкузен ќе дојде на Алијанц Арена, а освен него црвениот дрес ќе го носи одличниот Леон Горецка од Шалке на кого му истекува догворот и кој беше на мета на Јувентус, како и Серж Гнабри од Вердер, поранешен играч на Арсенал.
За сите нив, 100 милиони, без Верати ќе биде повеќе од доволно, а дколку се појави уште некоја добра опција, Баерн ќе издвои и повеќе пари.
Боатенг може да го напушти клубот, а се зборува дека Анчелоти ќе проба да го убеди Пепе на кого истекува договорот да дојде во Германија и да одигра сезона.
Клубот значи може да промени четири или пет играчи што ретко играат, а Анчелоти ја знае целта, Лигата на шампионите, поради што е доведен, поразот од Реал пече, а во наредната година можат посилни и со многу мотив да ја дочекаат трката.