Реакции на Бобан Грнчаров по ждребот за купот на Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Вардар во ½-финале во купот на Македонија ќе игра со Шкендија која ја брани титулата во купот.

Бобан Грнчаров го искажа своето незадоволство на својот профил на фејсбук откако стана познато дека во ½-финале ќе играат двете најсилни македонски екипи.

„Вардар-Шкендија во купот, дали некој очекуваше друга ждрепка? Цела Македонија знаеше дека во полуфинале ќе играат овие екипи, срамно за ФФМ што не дозволуваат финале да играат најдобрите екипи, да има на стадион 20 000 публика и луѓето да уживаат. Срамота ФФМ.“, е реакцијата на Грнчаров.

Досега во купот на Македонија успеа да ги победи Скедербеу, Влазерими, Металург додека Шкендија за да стигне до ½-финале мораше да ги победи Големо Коњари, Работнички и Шкупи.

Во вториот натпревар од ½-финалето на купот играат Брегалница и Пелистер. Првите натпревари се играат на 1-ви март во 14 часот, а реваншите се закажани за 19 април од 14 часот.