Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека обидот да остане во својот тим ќе заврши неуспешно.
Не е задоволен Реал, а не е задоволен ниту Мората.
Шпанецот беше вратен во Мадрид, односно беше активирана клаузулата од 30 милиони евра, па летово стигна во клубот каде што дебитираше во професионалниот фудбал.
Прво играше додека Бензема не оздрави, но штом Французинот се врати, Мората беше тргнат од првиот тим. И тој беше полесно повреден, меѓутоа јасно е дека не е прв избор на Зидан.
Интересно, Реал одби да го продаде во Англија и поради големи пари минатото лето, а медиумите пишуваат дека Мората сега се кае.
Шпанецот за Јувентус е прескап, па таа варијанта отпаѓа.
Реал наводно ќе го продаде за 60 милиони евра, а таа сума може да си ја дозволи Челси, кој во Мората гледа замена за Коста.
Јасна е намерата на Перез, тој го сака Обамејанг, а цената е 80 милиони евра. Поголемиот дел од средствата ќе бидат покриени со продажбата на Мората.