Реал многу лесно се откажа од него, а тој е најдобар шпански стрелец во моментов


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Реал Мадрид игра под своето ниво оваа сезона и во моментов се наоѓаат на третата позиција во Ла Лига, а лидерот Барселона им бега дури осум бодови.

Реализацијата е најголем проблем на клубот, тројцата напаѓачи заедно имаат постигнато само пет гола по 13. кола во Примера.

Сега станува јасно дека Реал не би имал толку проблеми доколку задржеше барем еден од напаѓачите кои ги продаде минатото лето. Алваро Мората е продаден на Челси за 70 милиони евра, додека Мариано Диаз заврши во Лион за сума од само осум милиони евра.

Мората започна одлично на „Стемфорд Бриџ“ постигнувајќи осум погодоци на кои додаде четири асистенции.

Што се однесува до Мариано Диаз тој во моментов е најдобриот шпански стрелец во најдобрите пет европски лиги со десет постигнати гола. 24 годишниот напаѓач игра како препороден во Лион и во моментов се наоѓа на четвртата позиција на листата на стрелците во францускиот шампионат.