Револуција во Мадрид: Нејмар има еден услов за преселба во Реал!?


    Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


    Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се наоѓа пред нов трансфер на кариерата, откако наводно се договорил со управата на Реал Мадрид да се пресели во нивни редови на лето.

    Најскапиот фудбалер во светот разговарал неколку пати со управата на „кралевите“, па со претседателот  Флорентино Перез се договорил да замине во нивни редови, а засега не е познато колку пари ќе биде платен неговиот трансфер.

    Единствен услов за преселба во Мадрид е ПСЖ да не го освои трофејот во Лигата на шампиони, па доколку не се случи тоа, тогаш Нејмар ќе го облече дресот на Реал.

    Нејмар во моментов е повреден, па најверојатно ќе биде подготвен за игра во полуфинале, доколку ПСЖ успее да се пласира во завршницата од елитното европско натпреварување.