Рома наредната недела ќе го претстави наследникот на Спалети!

Управата на Рома наредната недела ќе постави нов тренер.

Со оглед на тоа дека Спалети замина од тимот, во Рома мораат да најдат негова замена, а нов тренер најверојатно ќе биде Ди Франческо.

Тренерот на Сасуоло би требало денес да ги изврши последните преговори со Рома и наскоро се ќе биде познато.

Да потсетиме, Ди Франческо како фудбалер играше за Рома од 1997 до 2001-та година.