Сари потврди дека Челси ќе купува во јануари

Маурицио Сари потврди дека ќе се потруди да донесе нови засилувања во јануарскиот преоден рок, но предупреди дека трошењето пари нема да ги реши проблемите на Челси.

Челси е домаќин на Манчестер Сити во сабота и доколку загубат на овој натпревар ќе паднат 13 поени зад тимот предводен од Гвардиола. Кога беше запрашан дали доколку потроши пари ќе ја намали разликата со Сити, Сари одговори:

„Не секогаш. Мора да работиме и да напредуваме. Мора да го разбереме стилот на игра. Мора да го промениме менталитетот. Потоа, после ова, би можел да стигне еден или двајца фудбалери“- коментираше Сари.