Саул потпиша нов договор со Ателтико


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Еден од најдобрите играчи на младата репрезентација на Шпанија на претстојното ЕП во Полска, Саул Нигез веднаш по завршувањето на првенството стави потпис на нов договор со Атлетико Мадрид.

Саул се обврза на верност со „Јорганџиите“ дури до 2026 година.

„Многу сум среќен затоа што Атлети се мое семејство и нема поубаво место за мене од тука“- коментираше играчот за врска по потпишувањето на договорот.

За услугите на Саул најзагреана беше Барселона, но по најновиот развој на настаните „Каталонците“ ќе мора да бараат нова трансфер цел како замена за Иниеста кој е во поодминати години.