„Сега знаеме дека можеме многу повеќе“

Севиља ја прекина серијата на Реал од 40 натпревари без пораз во сите натпреварувањаи тоа на одличен начин.

Натпреварот беше решен со голот на Јоветиќ во 91-та минута, а Сампаоли имаше што да каже за оваа победа.

„Го победивме лидерот на табелата и мислам дека сега сите во овој тим веруваат дека можеме да играме на повисоко ниво. Покажавме дека можеме да играме еднакво ниво со најголемите тимови и да ги повредиме. Се надевам дека вака ќе продолжиме и ќе победуваме.“

Севиља со оваа победа стигна на 1 бод разлика од Реал Мадрид, но Реал има натпревар повеќе.