Се очекува голема борба – Ѓоковиќ ја брани титулата, Вавринка оди кон второто место!

Ѓоковиќ ќе има многу тешка задача на Мастерсот во Мадрид.

Тој во главниот град на Шпанија ја брани титулата освоена минатата година, но и второто место на АТП листата.

Ѓоковиќ во моментов има 1400 бодови повеќе од Вавринка, а во случај на лош резултат би можел да падне на 3-та позиција. Ако се случи Швајцарецот да ја освои титулата, а Ѓоковиќ да испадне пред ¼-финале тогаш тоа би се случило.

Сепак, Вавринка ќе има своја шанса и на турнирите во Рим и Париз, каде Ѓоковиќ брани голем број поени.

За Вавринка 2-то место би бил најдобар пласман во кариерата, а исто така би станал прв играч надворд од „големата четворка“ кој би се нашол на второ место на АТП листата уште од 25 јули 2005 година.