Се подготвува лудило: Нејмар го руши рекордот на Погба!

    Пол Погба со трансферот во Јунајтед ова лето стана најскап фудбалер на сите времиња.

    Французинот беше платен 100 милиони евра, но овој рекорд би можел да биде надминат наредното лето и тоа повторно од Манчестер Јунајтед.

    Англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед е подготвен за ѕвездата на Барселона да плати дури 180 милиони фунти, а тоа би било апсолутен рекорд.

    Покрај Јунајтед, ПСЖ исто така е подготвен да плати 180 милиони евра, но наводно Реал Мадрид има слични намери како и останатите тимови.