Силва против Брансон на УФЦ 208


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



УФЦ официјално ја потврди борбата на Андерсон Силва и Дерек Брансон.

Овие два борци ќе ги одмерат силите на УФЦ 208 настанот, кој ќе се одржи на 11 февруари во Бруклин.

Силва последната борба ја имаше на средината на минатата година кога беше поразен од Даниел Кормиер на јубилејниот УФЦ 200 во Лас Вегас, а претходно од него беа подобри и Михаел Биспинг и два пати Крис Ваидман.

Еден од најдобрите ММА борци на сите времиња има резултат од 33 победи и 8 порази.

Неговиот нареден противник Дерек Брансон исто така на последниот натпревар беше поразен, а подобар од него беше Роберт Витејкер.

Брансон во професионалната кариера во ММА има 16 победи и 4 порази.