Тажни вести стигнуваат од првиот човек на Баерн за легендарниот Френк Рибери...

Францускиот фудбалер, Франк Рибери од десет години игра со доста успеси во Баерн, но по се судејќи нивната приказна ќе се заврши со крајот на оваа сезона.

Веќе е познато дека Арјен Робен ги напушта Баварците на крајот на оваа сезона, а се чини дека по неговите чекори оди и Рибери. Овој тандем ја предводеше играта на Баерн во изминатите десет години, но на секоја приказна и даде крај, па така и овој.

Првиот човек на Баерн, Карл Хајнц Румениге потврди и дека во клубот не се сигурни каква ќе биде судбината на Рибери на крајот на сезоната. Овој 35-годишен фудбалер изрази желба да остане уште една сезона, но тешко е да се очекува дека германскиот клуб ќе му го продолжи договорот.

„Имавме неколку неверојатни години и му благодарам на тоа. Имам голем респект за Френк. Секогаш беше искрен и даваше се од себе на теренот. Ќе мораме да направиме разговори со него и неговиот агент, но веќе мислам дека се знае исходот. Работите во фудбалот се менуваат преку ноќ и се е можно, но неговата иднина се уште не се знае. Новиот договор тешко дека ќе се случи, но ќе почекаме малку“, истакна Румениге.