Тевез: Чудно е тоа што ќе играме во Шпанија, ние фудбалерите не заслужуваме вакво нешто…


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Напаѓачот на Бока јуниорс, Карлос Тевез кажа дека е добро тоа што Суперкласико меѓу Ривер плејт и Бока јуниорс ќе се игра во Шпанија.

По инцидентите во кои навивачите на Ривер повредија неколку фудбалери на Ривер беше одложен дуелот на „Монументал“, па истиот е преместен во Мадрид на „Сантијаго бернабеу“.

„Чудно е тоафинале. Да се игра дуел меѓу Бока и Ривер во Мадрид е многу чудно. Благодарам до Шпанија, која ни подготви топло добредојде. Среќни сме што е избрана Шпанија, а не друга земја. Но, тажен сум затоа што не може да играме во нашата земја“, кажа Тевез.

Аргентинецот кажа дека фудбалерите не заслужуваат да одат во друга земја за да играат фудбал поради некои хулигани.