Трансфер вреден 20 милиони фунти – Харт преминува во лутиот ривал на Манчестер?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џо Харт од лето ќе стане член на Ливерпул, барем така тврдат англиските медиуми.

Ливерпул договорил трансфер на Харт, а Сити ќе добие 20 милиони фунти за овој трансфер.

Во моментов Харт е член на Торино, а таму е на позајмица од Сити, откако пред самиот почеток на сезоната Гвардиола му соопшти дека нема да смета повеќе на него.

Овој 29-годишен голман не е во плановите на Гвардиола, па тој на крајот би требало да се пресели во Ливерпул.

Тој би ја добил улогата на прв голман на која во текот на сезоната се менуваа Мињоле и Кариус.

Официјална потврда на трансферот би требало да стигне на крајот на сезоната.