Три големи засилувања за пеколно лето во Манчестер!

Сите расположливи параметри велат дека наредниот преоден рок ќе биде еден од највозбудливите.

Толку фудбалери чии услуги се бараат на сите страни, време се помалку, а премногу пари во игра, скоро секоја година, но…

Антоан Гризман е еден од најдобрите во тимот на Симеоне, а неговата вредност е помеѓу 90 и 100 милиони евра.

За помалку пари Атлетико нема да го пушти, а по се изгледа дека е јасно каде ќе ја продолжи кариерата.

Петит, поранешен фудбалер изјави:

„Мислам дека сигурно ќе замине во Јунајтед. Тој е одличен во тандем со Погба, тие се одлични пријатели. Манчестер со него ќе добие повеќе голови, асистенции, но и победнички менталитет.“

„Гризман во последните 4 години многу се поправи. Амбициозен е и ќе биде голем додаток на Јунајтед.“

Срамежливо, се споменува и неговиот колега од нападот Кевин Гамеиро, а ако успее тоа, тие тројца Французи би можеле да прават чуда во Англија.

Вториот фудбалер, на кој ќе бидат потрошени помалку пари, а би можел да биде од голема помош, е Франк Кеси.

Играчот на Брегот на Слоновата коска се поврзуваше со Челси, но ако го прашате него, тој кажа дека сака да се пресели во Јунајтед.

20-годишниот играч е мета и на Рома, но тешко дека ќе се пресели таму. Неговата предност е 12 милиони евра, а ако Јунајтед го купи, тимот нема да го пушти за помалку од 20 милиони.

Освен доаѓање на играчи, ќе следуваат и заминувања. Мурињо и неговиот тим се надеваат на голема сума на пари од Руни, кој наредната година најверојатно ќе замине во Кина.

На трансфер листата ќе се најде најверојатно и Дејли Блинд, кој никако не се прилагоди во тимот.

120 милиони евра се подготвени за овие фудбалери кои би можеле да го сменат Јунајтед.