Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на денешните квалификации пред трката за Големата награда на Белгија.
Со освојувањето на пол позицијата Хамилтон се изедначи на првото место на вечната листа на освојувачи на пол позиции со легендарниот Михаел Шумахер. И двајцата пилоти имаат по 68 пол позиции во својата кариера.
Хамилтон патеката „Спа“ ја помина за време од 1:44.184, додека Фетел стигна за само 91 стотинки после него. Од третата позиција ќе стартува тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
Трката за Големата награда на Белгија на програмата е утре со почеток од 14 часот.