Челси ја продолжува соработката со еден од своите дефанзивци

Челси ја почна сезоната на добар начин, па освои дури 17 бодови во првите седум натпревари во Премиерлигата.

Еден од поединците кои имаше добри настапи е Давид Луиз, кој наскоро ќе потпише нов договор со Челси.

Тренерот Маурицио Сари е задоволен со неговите настапи и сака да му го продолжи договорот на уште една година.

Луиз досега играше двапати за Челси, односно од 2011 до 2014. година и потоа од 2016. до денес.

Бразилецот сезонава настапи на сите седум натпревари во Премиерлигата.