Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јирген Клоп за медиумите изјави дека по Ливерпул нема да води ниту еден клуб.
Германецот стигна во 2015-та година во Ливерпул, откако претходно 7 години помина во Мајнц и Дортмунд, а како што изјави, Ливерпул ќе биде негов последен клуб во неговата тренерска кариера.
„Нема да имам 10 клубови во мојата кариера. Не е мала шансата да заминам во пензија. Малку е веројатно дека ќе менувам клубови. Многу ми е лесно да се посветам на тоа што го работам, затоа што тоа се проекти на долги патеки.“
Клоп се надева дека ќе има успех со Ливерпул до 2022 година.
„Ако го исполнам договорот со Ливерпул, постои добра шанса да освојам тука нешто. Би била непријатна ситуација ако тоа не се случи. Луѓето од Ливерпул очекуваат трофеи.“