Ѓоковиќ: Условите во Шангај се брутални

Новак Ѓоковиќ, четирикратен шампион на Мастерсот во Шангај, во неделата ја запиша својата 41. победа во кариерата на турнирот во Кина, но не му беше ни малку лесно.

Два часа и 42 минути борба со инспирираниот Германец Јаник Ханфман, загубен почетен сет и потоа одличен пресврт, но сето тоа беше многу поголем предизвик поради тешките услови за игра.

Mногу тенисери се жалат на ужасно големата влажност во Шангај, па логично е дека тоа му пречи и на Новак. Камерите забележаа дека за време на една од паузите меѓу гејмовите, мораше да поврати, па по мечот откри колку му било тешко.

Го зборував тоа и претходно, исто е за секој играч кој излегува на теренот. Брутално е кога имате влажност на воздухот од 80 проценти ден по ден. За момците, особено кога е многу топло, уште е побрутално. Така е како што е, едноставно, мора да се справите со тоа. За мене, биолошки е уште поизвршното да се справам со тоа“, признава Ѓоковиќ.