Јуве добива конкуренција во трката за Санчез!

Чилеанецот ќе биде најпримамлив во наредниот преоден рок.

Најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез по се изгледа дека ќе биде првата ѕвезда во преоднио рок.

Не е тајна дека тој е голема желба на Јувентус, а го сака и Атлетико Мадрид, а сега во трка влезе и Интер.

Според медиумите, Интер е сериозен кандидат во оваа трка, бидејќи е подготвен да одвои 50 милиони евра.

Чилеанецот се двоуми за потпис на нов договор, а навивачите на Арсенал имаа страв дека тој ќе замине од тимот.

Во тој случај, Арсенал ќе биде приморан да го продаде ова лето за да заработи од неговиот трансфер, а тоа сакаат да го искористата Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид.

Јасно е дека Интер ќе сака еден светски играч ако наредната сезона сака да се бори за титулата.