Јамал со порака по елиминацијата на Барселона: Родителите ме научија…


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал се огласи по елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите, упатувајќи порака до навивачите дека клубот ќе се врати на врвот на европскиот фудбал.

Младиот крилен играч објави порака на социјалните мрежи по поразот од Атлетико Мадрид, со фотографија од теренот на стадионот Метрополитано.

„Ние сме Барселона и ќе се вратиме таму каде што припаѓаме. Родителите ме научија дека човекот станува со збор… и ќе го вратиме трофејот во Барселона”, истакна Јамал.

Тој додаде дека елиминацијата не е крајот на патот и дека тимот мора да продолжи да напредува.

„Дадовме сѐ од себе, но не беше доволно. За да стигнеш на врвот, мора да се искачуваш чекор по чекор и знаеме дека не ќе биде лесно, ниту некој ќе ни го олесни тоа. Но откажување не е опција”, наведе тој.

Јамал истакна дека верува во напредокот на тимот и дека од секое искуство ќе извлече поуки.

„Имаме многу причини за оптимизам и ќе одиме со полна сила. Секоја грешка е лекција и сигурно ќе учиме од секоја”, заклучи младиот фудбалер.