„Ќе гледаме да купиме некој играч во преодниот рок“

    Бидејќи се приближува преодниот рок во светот на фудбалот, постојат се повеќе шпекулации за трансферите на големите клубови.

    Многу фудбалери се поврзуваат со Барселона, а нивниот тренер Луис Енрике изјави дека Барселона секогаш е отворена за купувања во преодниот рок.

    „Нема да бидам оригинален ниту овој пат, па ќе кажам како и пред две години. Барселона е отворена да напредува и да купува во преодниот рок.“

    „Доколку има некој фудбалер кој се поклопува со нашиот интерес и доколку цената биде добра, секогаш ќе бидеме отворени. Се зависи од тоа дали ни требаат повеќе или помалку.“

    Да потсетиме дека најголемите ривали на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико нема да може да купуваат поради забраните од страна на ФИФА.