Абрамович нема да штеди: Челси добива еден од најдобрите напаѓачи во светот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси сезонава игра фантастично, па уште не знае за пораз, а во Премиерлигата во моментов се наоѓаат на третата позиција со два бода помалку од првото место, кое го делат Ливерпул и Манчестер сити.

Тренерот Маурицио Сари одлично ја наметна својата игра во лондонскиот гигант, но италијанскиот тренер сака нови засилувања во екипата, односно во нападот.

Во моментов Челси нема добри напаѓачи бидејќи Оливие Жиру и Алваро Мората не играат како што треба, па заедно имаат постигнато само три гола сезонава.

Меѓутоа, англиските медиуми пишуваат дека Роман Абрамович нема да штеди пари во јануари и наводно планира да плати 110 милиони фунти за Мауро Икарди, колку што изнесува и неговата откупна клаузула.

Сепак, Аргентинецот не сака да го напушти Милано, па останува да видиме дали „сините“ ќе успеат да го убедат да замине.

Исто така, се шпекулира дека Челси е подготвен еден од своите напаѓачи да пушти во Интер, а италијанскиот клуб би можел да бира помеѓу Мората и Жиру.