Австралијан Опен останува без Аргентинецот?

Дел Потро најверојатно нема да настапи на првиот Грен Слем турнир во сезоната.

Исто така, не се знае ниту неговиот настап во Дејвис купот на почетокот на февруари.

„Потребен ми е некој физички да ме подготви за да можам да играм цела година. До Австралијан Опен има уште 2 недели и тешко дека ќе бидам подготвен за таа цел.“

Дел Потро во последните години имаше многу проблеми со повредите.

Поранешниот 4-ти тенисер во светот големи проблеми има со колената, а имаше и неколку операции на зглобот на раката.

Сепак, оваа сезона успешно се врати на теренот.

На ОИ во Рио освои сребрен медал, а со Аргентина стигна до првиот трофеј во Дејвис купот.