Австрија, Бугарија и Холандија ги чекираа билетите за квалификациите на СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Австрија, Бугарија и Холандија се првите три национални тима кои обезбедија учество во квалификациите за Светското Првенство.

 

Австрија е првиот тим кој го чекираше билетот за квалификациите со победата над Албанија со 97 – 63, а од истата победа профитираше и Холандија, која исто така се пласираше во квалификациите.

Играчот на Торонто, Јакоб Полтл, постигна 18 поени но сепак шоуто го украде Расид Махалбашич постигнувајќи скор од 25 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Во групата Д, Бугарија ја прегази репрезентацијата на Португалија со 91 – 65 а најефикасен во тимот беше Александер Везенков кој мечот го заврши со 21 поен и 7 скока.  Бугарија, како и Холандија и Австрија, се пласираше на квалификациите со оваа победа.

 

Квалификациите за Светското Првенство почнуваат во ноември месец оваа година.