Азар го имитираше Стерлинг и стана хит на социјалните мрежи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу занимливо беше пред неколку дена на тренингот на Челси, а во центарот на вниманието беше Еден Азар.

Белгиецот во првите две кола на Премиер лигата почнуваше од клупата, бидејќи Маурицио Сари сака да го одмори уште малку Азар, после напорната сезона и Светското првенство, иако се шпекулираше дека ќе премине во Реал Мадрид, од тоа не излезе ништо.

Тој е многу среќен во Челси а тоа го покажува и снимката од еден тренинг на Плавите. Азар одлучи да се почегува на сметка на својот противник од Манчестер Сити, Рахим Стерлинг и го имитираше како се однесува на теренот.

Мораме да признаеме дека Азар добро го имитираше Стерлинг и успеа да ја насмее фудбалската јавност.