Азар има план како да дојде до „Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Азар важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, но сеуште не е блиску до освојувањето на „Златната топка“.

Причина се Роналдо и Меси. Тие двајца ги освоија последните 9 „Златни топки“ и тешко може да се очекува дека некој друг ќе им го земе трофејот.

Сепак, Азар изјави дека може да ја освои титулата и тоа на јасен начин.

„Имам ли шанса да ја освојам наградата? Ако играм добро наредната сезона, ако ја освојам ЛШ со Челси и СП со Белгија, зошто да не би имал шанси?“

Секако, тој малку ја спушти топката и кажа дека тоа е многу тешко додека се активни Меси и Роналдо.

„Кога Роналдо и Меси ќе одат во пензија, можеби мртва трка ќе водат Гризман, Дибала и Нејмар, кој знае? Се надевам дека еден ден и јас ќе ја освојам.“