„Азар ме потсетува на Меси!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси го победија Арсенал со 3:1 во 24-то коло од ПЛ.

Свој ден имаше Азар кој постигна одличен гол во второто полувреме со кој беше потврдена победата на неговиот тим.

Воодушевен од неговата игра, Роберто Мартинез изјави дека Азар го потсетува на Меси.

„Тоа што го прави е уникатно. Тој многу ме потсетува на Меси. Нема многу фудбалери кои можат да го контролираат моментот и да поминат играч како него. Мислам дека Еден на 26 години е одличен.“

Да потсетиме дека Азар оваа сезона го постигна 10-от гол за Челси.