Азар сака Коста да се врати во тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар истакна дека сака да го види Диего Коста назад во тимот на Челси.

Напаѓачот на репрезентацијата на Шпанија е во милост и немилост на менаџерот Конте откако му беше јасно кажано дека не сметаат на него за оваа сезона. Поради тоа Коста не се појави на тренинзите на тимот со што беше казнет парично, а беше изоставен и од составот за Лигата на шампионите.

„Со Диего игравме заедно три години и освоивме се што може да се освои освен Лигата на Шампионите. Задоволство е да играш со него, тој е одличен играч и одлична личност. Би сакал да го видам назад во тимот, но јас не сум тој кој ги носи одлуките“- коментираше Азар за шпанскиот таблоид „Марка“.