Азар со пофални зборови за Фабрегас: Имав среќа што играв со него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар верува дека Цеск Фабрегас дал се од себе додека го носел дресот на Челси во изминатите пет години.

Шпанецот вчера го одигра последниот натпревар во синиот дрес, а денес веќе летна за Монако каде е на завршни преговори со клубот предовден од Тиери Анри.

„Можам да кажам дека бев среќен што играв со него. Од почетокот кога дојде, го видовме тоа кога ја освоивме првата двојна титула заедно. Тој е неверојатен човек на теренот и надвор од него, мој голем пријател. Имам само пофални зборови за него и се надевам дека ќе одигра добро во иднина. Тој е сега малку стар, но се уште е одличен, сигурен сум дека ќе ужива“- коментираше Азар за „Скај Спортс“.