Азербејџан купи Германец за милион евра?

Неверојатен случај се случи во германскиот фудбал.

Младиот фудбалер Ренат Дадашов кој настапуваше за младите селекции на Германија, одлучи во иднина да настапува за Азербејџан и тоа наводно за 1 милион евра.

Медиумите го обвинуваат младиот фудбалер дека поради пари одлучил да игра за репрезентацијата на своите родители.

„Одлучи да ја смени репрезентацијата поради милион евра.“

Тој и претходно трчаше по пари. Го напушти Франкфурт поради богатите понуди на Лајпциг, но набрзо се врати.

Интересно е тоа што неговиот брат Руфат настапува за репрезентацијата која ја води Просинечки.